Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 10 степени.
За време на викендот сѐ уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, прогнозира УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.