| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Гевгелија: Победа со 63 пратеници е гаранција за крај на политичката криза

gruevski

Убедлива победа со 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гаранција за завршување на политичката криза која и беше наметната на Македонија, истакна во својот говор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од вечерашниот митинг во Гевгелија.

– Целиот македонски народ е во очекување да заврши политичката криза. Овие избори се шанса да се стави крај на целата политичка нестабилност. Нам ни е потребна победа од 63 пратеници. Тоа е најголемата гаранција дека ке заврши политичката криза во Македонија. Без тоа сценаристите на Заев пак ке пробуваат и ќе се обидуваат да шараат и да прават се и сешто само да си ја остварат целта. Затоа апелирам, секој глас е важен, секоја индивудува одлучува, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top