
Ветивме и спроведовме еднократен отпис на долгови, помогнавме да се отпишат долгови на над 15.000 семејства веднаш по изборите во 2014 како што ветивме. Ослободивме илјадници граѓани од 30 милиони евра кои требаше да ги платат, изјави на митингот во Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Започнавме и во длабока фаза сме во градба на три автопати, а во следниот мандат ќе започнеме со изградба на нови три автопати и тоа Скопје- Блаце, Кичево- Гостивар и Требеништа – Струга. Покрај тоа, ќе се градат и многу други експресни, регионални патишта, ќе има шест експресни со неколку членки, обнова на многу регионални. Изградивме и реконструравме над 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа. Пензиите во просек ги зголемивме за 70 отсто. Пред нас само се намалуваа пензиите, сега се зголемуваат. Најниската пензија ја зголемивме за 90 отсто, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


