
Изјавите на Зев дека сме националисти се неосновани. Платите и пензиите се покачени за сите, а субвенциите и мерките за подобар живот важат за секого, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање од митингот во Валандово.
– Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… затоа што за нас сите се исти. Изјавите на Заев дека сме националисти се без основа, затоа што покажавме дека на сите ги покачувавме пензиите, на сите ги покачувавме платите, на сите им дававме субвенции, никого не делевме и никого не прашувавме што е по етничка заедница. На сите помагавме, кога имаше поплави одевме и во штипско и во Шипковица и во Новаци и во Речица. Приказната за националисти не држи вода. Оваа коалиција се бори за сите граѓани. Ако некогаш предупредиш за тоа што може да и се случи на државата, тоа не значи дека си националист, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


