| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Валандово: Се ближи крајот на кризата, овие избори ќе бидат како референдум

ngruevski-valandovo

Престојните избори на 11 декември ќе бидат ќе бидат како трет референдум во Република Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето денешно обраќање на митингот во Валандово.

– Изборот е јасен. Едната опција ги решава проблемите на граѓаните, а другата креира кризи. Едната опција се концентрира на реализирање проекти и подобар живот за нашите жители, а другата на само на деструкција. Запрашајте се една работа – со кого мене лично ќе ми биде подобро, кој ќе обезбедни поголеми плати и пензии, кој држи со дадениот збор, ВМРО или на СДСМ, јас или Заев. Ова е едноставен избор. Јас верувам дека тоа го знае секој од вас. Овие избори ќе бидат како трет референдум за Република Македонија, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top