| четврток, 6 декември 2018 |

На народот му е потребен крај на политичката криза, овие избори се шанса за тоа

vmro-miting-valandovo-1

Овие избори се шанса да заврши политичката криза која македонскиот граѓанин го држи во неизвесност скоро две години, нагласи меѓу гругото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот денешен говор од партискиот митинг во Валандово.

– На нашиот народ, на нашите граѓани им е потребен крај на политичката криза и политиччка стабилност за Македонија да оди напред. Но, верувајте, клучна гаранција дека кризата ќе заврши е ако ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата добијат 63 пратеници во Парламентот, тоа е сигурна гаранција дека кризата ќе заврши сега во декември, дека сценаристите ќе се повлечат и ќе видат дека тоа не оди така. Заев ќе си го добие одговорот и ќе си се врати во Струмица да си ја гледа својата работа и приватниот бизнис. За нас е најважно кризата да заврши, а таа не може да заврши ако немаме 63 пратеници. Ако ги немаме тие 63 пратеници, сценаристите и Заев ќе продолжат да се обидуваат, ќе продожат понатаму со разни сценарија. Мора овој народ да им стави крај, мора да им ја испрати пораката и директно во лице да им каже. НЕ, не може тоа што го барате од нас, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top