Она што Заев не го пресметал е дека тука постои народ кој е доволно мудар за да препознае едно вакво сценарио и одговорот на сето ова ќе следува на 11-ти декември, историсики громогласен одговор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.
Груевски нагласи дека одговорот ќе биде силен и јасен, затоа што за државата се работи. Потенцираше дека нема да дозволат Македонија да стане експеримент на поединци и додаде дека Македонија се сите граѓани кои ги интересира подобар живот, повеќе можности, решавање на проблемите.
– Силата на народот е тој непробоен браник кој секогаш во времињата на искушенија на државата ја одржал стабилна. Народот секогаш кога бил потценет, го давал најгласниот одговор, така ќе биде и на овие избори на 11-ти декември. Заев вчера сам си се прогласи за иден премиер, но она што заборави е дека во оваа држава има народ, на кој му припаѓа сувереното право да одлучува на избори, нема власт без одлука на народот, тој не може да се заобиколи, колку тоа тој да го занемарува и договара со тие од горе, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии