| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ станува симбол за Македонија и за проекти

vlado5

Во новата програма што ја предвидуваме, политичката партија ВМРО ДПМНЕ излегува реално пред граѓаните и ветува она што може да го исполни, а тоа е, нови проекти, и многу подобар живот за граѓаните на Република Македонија, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Тој потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ станува симбол за Македонија, отсекогаш бил и така ќе продолжи и нагласи дека ВМРО ДПМНЕ исто така станува и симбол за проекти.

– Секаде во Република Македонија се градат нови инфраструктурни проекти, се гради она што е потребно за граѓаните, а тоа е најважно и затоа ние сите ќе продолжиме заедно да ја градиме Република Македонија, заклучи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top