| четврток, 6 декември 2018 |

Црни теории за името црн петок: Робови на попуст или банкрот на Вол стрит?

Црн петок е главен шопинг ден во текот на целата година, не само во САД, туку и ширум светот. Уште во 1863 година тогашниот претседател на САД Абрахам Линколн го утврдил Денот на благодарноста да биде во последниот четврток во ноември. Тогаш, петокот по Денот на благодарноста уште не бил познат како Црн петок.

Прва теорија: Овој термин првпат е употребен на 24. септември 1869 година, како резултат на падот на цената на златото на американскиот пазар. Финасиерите од Вол стрит, Џеј Голд и Џим Фиск работеле заедно за да купат што е можно повеќе злато, да ја подигнат цената и да го зголемат профитот. Фотографијата на црната табла во њујоршката Соба на златото која ја покажува цената на златото како паѓа го симболизирала тој чин. Кога бил откриен заговорот на Голд и на Фиск, пазарот тој петок доживеал слободен пад и сите банктортирале, од банкарите на Вол стрит до фармерите.

Втората теорија датира од осумдесетите години на минатиот век. Тогаш трговците го користеле овој термин за да го одбележат денот кога „ќе завршат во црно“, односно кога ќе направат профит бидејќи луѓето трошат повеќе пари кога има попусти.

Третата теорија говори за тоа дека терминот настанат по Денот на благодарноста, кога трговците на робовите им давале попуст.

А вистината е дека терминот Црн петок доаѓа од полицијата во Филаделфија, која овој ден, „црн петок“ го нарекла поради хаосот и проблемите во сообраќајот ден по Денот на благодарноста. Тој ден, традиционално почнуваат божикните и новогодишните распродажби, па тогаш полицијата има најмногу работа.

На црн петок ниту еден сообраќаец не смеел да земе слободен ден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top