| четврток, 6 декември 2018 |

ЖКК Кросиг нов шампион на Македонија

Кошаркарките на Кросиг со победата од 58-41 над екипата на Вигор дојдоа до посакуваниот трет триумф во финалната серија од женското кошаркарско првенство и со конечни 3-1 во победи по прв пат го подигнаа пехарот за најдобрата екипа.

Најдобра на паркетот беше Елена Раденковиќ со 16 поени и 12 скока која воедно го доби и признанието за најкорисен играч на финалето.

Со овој освоен трофеј и пласманот во финалето на купот на Македонија, екипата на Кросиг ја прекина неколкугодишната доминација на екипата на Вигор.  Освен во сениорска конкуренција, Кросиг ја освои и титулата во младинска, а на прагот е да ја освои шампионкската курна и во кадетска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top