| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во улога на брачен советник ги спои разведните ЕУ и Британија

Да­ли ОБСЕ ќе из­ве­сти де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца јав­но го пре­кр­ши Из­бор­ни­от за­ко­ник? Ам­ба­са­до­ри­те, кои це­ло вре­ме ни по­пу­ва­ат за не­при­страс­ност во ме­ди­у­ми­те, за об­је­ктив­ност и не­за­зе­ма­ње стра­на, сил­но и со за­лет си плук­наа на ка­жа­но­то и го сто­ри­ја спро­тив­но­то, па де­мек слу­чај­но, Жбо­гар и Га­рет се нај­доа во ист ден на исто ме­сто со За­ев. Ја под­др­жу­ва­ат ли и фе­де­- ра­ли­за­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја? Но пре­се­да­нот ро­ди друг пре­се­дан. За­ев, ко­неч­но, обе­ди­ни и спои не­ко­го во сво­ја­та ли­дер­ска ка­ри­е­ра. Да, ЕУ и Бри­та­ни­ја се раз­ве­доа пред пет ме­се­ци. Се­га се за­ед­но по­ра­ди не­пос­луш­но­то, па­ла­во и по­сво­е­но ми­ле­ни­че. Тоа, пак, ме­ша и те­ра два фил­ма – на Ал­бан­ци­те им ну­ди дво­ја­зич­ност и без проб­лем го отво­ра Уста­вот, а пред Ма­ке­дон­ци­те не­ма шан­си да го чеп­нел. Прв­пат и не из­ла­жа. Не­ма да го чеп­не, за­тоа што не­ма да има шан­са да го на­пра­ви тоа. За „чеп­ка­ње“ тре­ба по­бе­да...

Во пред­ве­чер­је­то на из­бо­ри­те СДПМ, пар­ти­ја­та на Бран­ко Ја­нев­ски, не ус­пеа да вле­зе во фи­на­ле­то по­ра­ди Љуп­чо Ни­ко­лов­ски. Ќе ги збу­не­ле гла­са­чи­те со исто­и­ме­ни­от но­си­тел на СДСМ.

Ар­но ама, кар­ма­та си е кар­ма, па За­ев ни­ка­ко да кур­ту­ли од истоз­нач­ни и исто­и­ме­ни пар­тии, ко­а­ли­ции и про­гра­ми. По­го­ле­ма бе­ља од Ја­нев­ски во ме­ѓу­вре­ме му на­пра­ви Зи­ја­дин Се­ла. Ко­а­ли­ци­ја­та на Се­ла, Остре­ни и на Ме­ме­ди „Али­јан­са за Ал­бан­ци­те“, де­фи­ни­тив­но, ќе вне­се го­ле­ма ди­ле­ма кај гла­са­чи­те. Осо­бе­но кај ма­ке­дон­ски­те. Се­кој нор­ма­лен чо­век ќе ги по­и­сто­ве­ти со СДСМ, за­што, ре­ал­но, тие се ви­стин­ска­та али­јан­са за Ал­бан­ци­те. Им ну­дат сѐ, по­ве­ќе и од ДУИ. За проб­ле­мот да би­де уште по­го­лем, ду­ри и про­гра­ма­та им е слич­на. Ос­но­ва на две­те ко­а­ли­ции, таа на За­ев и на Се­ла, па и на Али, е дво­ја­зич­но­ста. Си­те се за­ла­га­ат за во­ве­ду­ва­ње на ал­бан­ски­от ја­зик на це­ла те­ри­то­ри­ја, а на пр­ви­те две ко­а­ли­ции вто­ра жел­ба им е оп­ста­но­кот на СЈО. Е да, ги раз­ли­ку­ва фа­ктот што за Се­ла и за Али ли­це­то на Ма­ке­до­не­цот не е гр­до.

Ка­ко и да е, ДИК не ги по­ни­шти нив­ни­те ли­сти по­ра­ди кон­фу­зи­ја­та и истоз­нач­но­ста со дејс­тва­та на СДСМ, но пр­ви­от ден на из­бо­ри­те поч­на со пре­се­дан и со при­леп­ска бур­ле­ска. Не зна­е­ме да­ли ОБСЕ ќе из­ве­сти за тоа, но ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца јав­но го пре­кр­ши Из­бор­ни­от за­ко­ник. Зна­е­ме де­ка не­ма да из­ве­сти, но исти­те тие што це­ло вре­ме ни по­пу­ва­ат за не­при­страс­ност во ме­ди­у­ми­те, за об­је­ктив­ност и за не­за­зе­ма­ње стра­на, сил­но и со за­лет си плук­наа на ка­жа­но­то и го на­пра­ви­ја спро­тив­но­то. Да, де­мек слу­чај­но, Се­му­ел Жбо­гар и Чарлс Га­рет се нај­доа во ист ден на исто ме­сто со Зо­ран За­ев. Пр­ви­те „на ка­фе“, дру­ги­от на се­фте-ми­тинг. Ма­ке­до­ни­ја, мо­же­би, е ма­ла, но не е тол­ку ма­ла. Се­пак, СДСМ не ги до­не­се со авто­бус ка­ко дру­ги­те учес­ни­ци на пр­ви­от, ка­та­стро­фа­лен пре­диз­бо­рен ми­тинг за да го по­пол­нат бој­ко­тот на при­леп­ча­ни што са­мо на Кар­па­лак за­гу­би­ја де­сет со­гра­ѓа­ни во те­ро­ри­стич­ки­от на­пад на УЧК. Та­ка, си дој­доа со об­јас­ну­ва­ње де­ка ток­му та­му и уште по­ток­му то­гаш им тек­на­ло да се срет­нат со при­леп­ча­ни?! Во ка­фу­ле, на лаф му­а­бет, не­ли… На два ча­са пред ми­тин­гот на За­ев. Очиг­лед­но, не­кој и на­та­му од­би­ва да сфа­ти де­ка се­кој ва­ков че­кор е кон­тра­про­дук­твен и на­вред­лив за Ма­ке­до­не­цот и де­ка со се­кое свое дејс­тво са­мо му од­ма­га­ат на ми­ле­ни­че­то. Исто ка­ко што „не­кој“ му ја на­мет­на на За­ев иде­ја­та за со­би­ра­ње гла­со­ви со дво­ја­зич­но­ста, ре­о­тво­ра­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор и на Уста­вот и фе­де­ра­ли­за­ци­ја. Ај што тој при­фа­ти, но ча­до­рот по­втор­но ја ут­на ра­бо­та­та. За са­мо 50-60 го­ди­ни…

 

Палавото милениче ги спои разведените ЕУ и Британија?!

Ам­ба­са­до­ри­те на ЕУ и на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја ди­рект­но ја пре­кр­ши­ја Ви­ен­ска­та кон­вен­ци­ја за дип­ло­мат­ски од­но­си, пи­са­ние ста­ро це­ли 55 го­ди­ни, пот­пи­ша­но во да­леч­на­та 1961 го­ди­на, со кое се уре­ду­ва оп­се­гот на пра­ва­та и на од­го­вор­но­ста на дип­ло­мат­ски­те прет­став­ни­ци во зем­ји­те во кои се акре­ди­ти­ра­ни. Ед­но од нај­стро­ги­те пра­ви­ла на­ла­га не­ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на зем­ја­та, а те­шко де­ка има „пов­на­треш­на“ од из­бо­ри и јав­но зе­ма­ње стра­на и пар­ти­ја. Но пре­се­да­нот ро­ди друг пре­се­дан. За­ев, ко­неч­но, обе­ди­ни и спои не­ко­го во сво­ја­та ли­дер­ска ка­ри­е­ра. Ако се се­ќа­ва­те, ЕУ и Бри­та­ни­ја поч­наа да се раз­ве­ду­ва­ат пред пет ме­се­ци, а бра­ко­раз­вод­на­та „пар­ни­ца“ ја поч­на „Брег­зит“. Иа­ко рас­ки­на­ти, се­га, по 150 де­но­ви од кра­јот на за­ед­ни­ца­та, по­втор­но ги спои по­сво­е­но­то и за­лу­та­но че­до. Да­ли стра­вот на на­деж­ни­те и гор­ди ро­ди­те­ли, ма­кар би­ле са­мо ста­ра­те­ли, де­ка си­от влог во за­гу­бе­ни­от син ќе би­де за­лу­ден ги на­те­ра на очај­нич­ки и бед­ни по­те­зи? Во ви­стин­ски­от жи­вот и брак, ток­му де­те­то е тоа што ги одр­жу­ва ло­ши­те бра­ко­ви, се­ка­ко не тол­ку па­ла­во кол­ку на­ши­от дво­ја­зи­чен ју­нак.

Нив­ни­от по­сво­е­ник се­га уди­ра врз стол­бо­ви­те на др­жа­ва­та, но исто­вре­ме­но ги на­ру­шу­ва и си­стем­ски­те „гре­шки“ во­ста­но­ве­ни и воз­љу­бе­ни од иста­та таа ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца. Не мис­ли­ме на СЈО и на но­ви­те приз­на­ни­ја на За­ев за це­лос­ни­от увид во нив­на­та ра­бо­та и за прет­ход­но из­вр­ше­ни­те на­рач­ки од Ја­не­ва, ко­ја ка­ко ед­вај да че­ка­ше ли­де­рот да по­ба­ра.

Не, збо­ру­ва­ме за еден до­го­вор што е ве­ќе вле­зе во Уста­вот и го про­ме­ни. Пред 15 го­ди­ни, ма­ке­дон­ски­те ли­де­ри на нај­го­ле­ми­те по­ли­тич­ки пар­тии пот­пи­шаа ед­но пи­са­ние, кое оста­на поз­на­то ка­ко Охрид­ски рам­ко­вен до­го­вор. Га­ран­ци­ја на тој фа­мо­зен до­го­вор, кој, спо­ред ед­ни, до­не­се мир, а, спо­ред дру­ги, ја уни­шти уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та, се ток­му тие т.н. фа­кто­ри од иста­та таа ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца. Неј­се што си­те зна­е­ме де­ка тој до­го­вор има ре­а­лен проб­лем со ос­но­ва­та од по­ве­ќе од 20 про­цен­ти за да ги до­би­ва­ат и тие пра­ва, а зна­е­ме и зо­што не­мав­ме и не­ма­ме по­пис, но се­га За­ев ди­рект­но го га­зи Рам­ков­ни­от до­го­вор, кој го „га­ран­ти­ра­ат“ и го скло­пи­ја исти­те фа­кто­ри, кои де­не­ска за­бо­ра­ви­ја де­ка се не­ка­ква га­ран­ци­ја. Нас­про­ти оче­ку­ва­ња­та де­ка тре­ба да го за­шти­тат сво­е­то ре­мек-де­ло, ам­ба­са­до­ри­те се ста­ви­ја во под­др­шка на не­го­во ре­о­тво­ра­ње. Иа­ко свес­ни де­ка до­го­во­ре­но­то функ­ци­о­ни­ра и по­до­бро одо­што тре­ба, тие ва­ка јас­но ука­жу­ва­ат де­ка под­др­жу­ва­ат на­та­мош­ни екс­пе­ри­мен­ти во Ма­ке­до­ни­ја. Не­ба­ре, тие не зна­ат де­ка ка­кво и да е чеп­ка­ње во Уста­вот ќе на­и­де на си­лен от­пор кај Ма­ке­дон­ци­те и кај дру­ги­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци, кои и та­ка се лу­ти што си­те бе­не­фи­ти ги при­сво­и­ја Ал­бан­ци­те. Очиг­лед­но, по­ве­де­ни од са­мо ним поз­на­ти мо­ти­ви, „тие што га­ран­ти­ра­ат “ јав­но по­ма­га­ат во кр­ше­ње­то на до­го­во­рот, кој, ка­ков и да е, оз­на­чи крај на еден во­ен конф­ликт. Одо­бру­ва­ат ли се­га фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја? Не се из­јас­ну­ва­ат, но, за по­тсе­ту­ва­ње за нив­на­та не­кон­зи­стент­ност, за нив и бор­ци­те за сло­бо­да од УЧК пр­во беа те­ро­ри­сти…

 

analiza221-milcin-hasim

Милчин го трасираше патот, врхушката на СДСМ го следи…

Од са­мо­то об­ја­ву­ва­ње на „Пла­нот за Ма­ке­до­ни­ја“, си­те го по­и­сто­ве­ти­ја со За­е­ви­от план за дво­ја­зич­ност, фе­де­ра­ли­за­ци­ја, ре­ван­ши­зам, ви­тка­ње „кич­ма“ и за сдсмо­ви­за­ци­ја на др­жа­ва­та. Гро­мог­лас­на­та под­др­шка, те­шка ми­ли­о­ни, од Со­рос и од УСАИД, очиг­лед­но, не бе­ше до­вол­на за да ги за­се­ни овие не­по­бит­ни фа­кти. Во за­да­ча­та, се­пак, отка­жа вто­ри­от слој на ча­до­рот, кој одам­на про­кис­на. Не де­ка и европ­ски­те ам­ба­са­ди не ги отво­ри­ја сво­и­те па­рич­ни­ци за ка­кви ли не глу­по­сти ме­сто про­е­кти, ама во од­нос на ви­си­на­та на аме­ри­кан­ска­та „под­др­шка“, се­пак, мно­гу за­та­и­ја. Да­ли без­о­браз­но­то го­сту­ва­ње во При­леп бе­ше обид да го на­до­пол­нат про­пу­ште­но­то и со на­ви­вач­ки гест да ја по­пол­нат фи­нан­си­ска­та дуп­ка? Ефе­ктот оста­на бе­ден, но ба­рем се оби­доа.

analiza221-2

А за да би­де це­ла­та при­ка­ска уште по­бе­зо­браз­на, во исто вре­ме ко­га Жбо­гар и Га­рет без­ус­пеш­но и про­ѕир­но на­ви­ваа, уште еден би­за­рен ју­нак на СДСМ ужи­ва­ше во сво­и­те приз­на­ни­ја. На 300 ки­ло­ме­три од ам­ба­са­дор­ска­та бур­ле­ска во При­леп, се од­ви­ва­ше уште ед­на тро­га­тел­на па­ро­ди­ја. Гра­дот има ду­ри три исти по­чет­ни бу­кви, што е прем­но­гу ду­ри и за слу­ча­и­те на Ја­не­ва, кои ја има­ат са­мо пр­ва­та. Во исто вре­ме ко­га ал­бан­ско­то зна­ме при­год­но за ми­тин­гот на СДСМ се ве­е­ше во гра­дот хе­рој При­леп, нив­ни­от ме­це­на Вла­ди­мир Мил­чин ги со­би­ра­ше приз­на­ни­ја­та за сто­ре­но­то за Ал­бан­ци­те. Дов­че­раш­ни­от дол­го­го­ди­шен ли­дер, а се­га си­ва еми­нен­ци­ја на фон­да­ци­ја­та на Со­рос во Ма­ке­до­ни­ја, до­де­ка За­ев ми­тин­гу­ва­ше во При­леп, се гу­шка­ше со Ха­шим Та­чи во При­шти­на, ка­де што до­би приз­на­ние за зас­лу­ги за Ал­бан­ци­те. Се­то ова се слу­чу­ва­ше на це­ре­мо­ни­ја­та за бла­го­дар­ност кон УЧК. Чо­ве­кот пре­ку ко­го во Ма­ке­до­ни­ја, во про­сек, вле­гу­ва­ат по шест ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри го­диш­но за по­тре­би­те на СДСМ, нив­ни­те ме­ди­у­ми, пор­та­ли и ред дру­ги „ре­во­лу­ции“ и бу­да­ла­шти­ни, си до­би приз­на­ние за сра­бо­те­но­то. Ве­ро­јат­но, За­ев со за­вист гле­да на ор­де­нот на Мил­чин, кој до­кол­ку го има­ше на ли­дер­ски­те гра­ди ќе зна­че­ше уште плус сто­ти­на ал­бан­ски гла­со­ви и пет­сто­ти­ни ма­ке­дон­ски по­мал­ку. Но ни­кој не ре­че де­ка Ко­со­во ќе пре­ста­не да ги да­ва ва­кви­те приз­на­ни­ја за зас­лу­ги, а со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от ли­дер, со си­гур­ност, си го зас­лу­жи. Ве­ро­јат­но, се ра­бо­ти за пре­вид на Ха­шим Та­чи, но ни­кој не мо­же да га­ран­ти­ра де­ка тоа не­ма да се слу­чи на еден ден пред из­бо­ри­те. Не­што ка­ко приз­на­ва­ње­то од САД пред со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба во 2004 го­ди­на. Мо­же­би и За­ев та­ка ќе го до­бие ор­де­нот, но ка­ко и да е, не­кои пра­ша­ња (ова де­фи­ни­тив­но) не зас­лу­жу­ва­ат од­го­вор. Што би рек­ла Ше­ке­рин­ска…

 

analiza221-3

Заев со два сосема различни филма за Македонците и за Албанците

Про­фе­со­рот ре­жи­сер, кој по­ве­ќе ми­лу­ва да ре­жи­ра на­ста­ни на скоп­ски­те ули­ци, ме­сто прет­ста­ви, а во сло­бод­но вре­ме е спон­зор на СДСМ, си го до­би зас­лу­же­но­то. Уче­ни­кот За­ев, пак, кој исто­вре­ме­но има се­ри­оз­на ма­ка да за­кр­пи и дов­ле­че членс­тво за ми­тин­зи­те, во сопс­тве­на­та прет­ста­ва ре­те­ри­ра се­кој ден. Игра две рол­ји. Во ве­ќе кла­сич­ни­от филм на ли­де­рот па­ра­лел­но те­чат, се ис­преп­ле­ту­ва­ат и за­мо­ту­ва­ат две не­ло­гич­ни и це­лос­но спро­тив­ни при­ка­ски. Во пр­ва­та, при се­ко­ја при­го­да и сред­ба со Ал­бан­ци­те, тој им ве­ту­ва дво­ја­зич­ност и ду­зи­на па­ти по­твр­ди де­ка тоа зна­чи и отво­ра­ње на Уста­вот. Ко­га е со Ма­ке­дон­ци­те, пак, За­ев це­лос­но се ме­ну­ва и не­ги­ра де­ка ќе го „чеп­нел“ исти­от тој Устав. Кој што са­ка да слуш­не, тоа и до­би­ва. Та­ка е и со ве­ту­ва­ња­та за пла­ти, суб­вен­ции, гран­то­ви за мла­ди. Ту­ка проб­ле­мот е што ни­ко­гаш ни­што од сво­и­те ве­ту­ва­ња и не ос­тва­ри­ле. За­тоа и ве­ту­ва­ат ап­стракт­ни имен­ки ка­ко сло­бо­да, прав­да итн.

analiza221-5

Ар­но ама, Уста­вот не е ап­стра­ктен, ту­ку мно­гу ја­сен и де­фи­ни­ран, а дру­га­та при­ка­ска до­а­ѓа и до уши­те на пр­ви­те слу­ша­те­ли. Оста­ну­ва уште не­кој да му со­оп­шти на ли­де­рот и на вр­ху­шка­та де­ка јав­но ка­жа­ни­от збор пред ал­бан­ски­от ау­ди­то­ри­ум на­бр­гу до­а­ѓа и пред ма­ке­дон­ски­от. Ни­што сло­же­но, ни­ту тех­нич­ки ап­стракт­но. А на ла­га­та ѝ се кра­тки но­зе­те, тоа За­ев нај­до­бро го знае. Ед­на ра­бо­та, се­пак, не ла­же. Да, За­ев не­ма да го чеп­не Уста­вот. Но не по­ра­ди тоа што ќе би­де доб­ле­сен и не­ма да го сто­ри тоа што им го ве­ти на Ал­бан­ци­те, пот­це­ну­вај­ќи ги де­ка та­ка ќе гла­са­ат за не­го. Не, при­чи­на­та е уште по­ед­но­став­на. Не­ма да го отво­ри за­тоа што не­ма да има шан­са за да „чеп­ка“ по не­го. За таа да му се ука­же, тре­ба да по­бе­ди на из­бо­ри. Ете ка­де ле­жел за­ја­кот…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 221. број на неделникот „Република“, 25.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top