Денот на благодарноста (Thanksgiving Day ) е празник во чест на жетвата, кој, главно, се прославува во САД и во Канада. Традиционално, тоа било период за искажување благодарност за богатата жетва.
Иако првобитното прославување имало религиозна основа, во денешно време Денот на благодарноста, пред сѐ, се идентификува како световен празник.
Во денешно време, во Канада, Денот на благодарноста се прославува на вториот понеделник од октомври, а во САД се прославува на четвртиот четврток од ноември. Денот на благодарноста во Канада се паѓа на истиот ден како и празникот во чест на Кристофер Колумбо во САД.
Традиционалното потекло на современиот Ден на благодарноста во САД, а не на првиот Ден на благодарноста од каков било тип на континентот, општо земено, се смета дека произлегува од прославата што се одржала во 1621 година во местото познато како Плантажите на Плимаут, во Масачусетс. Во почетокот, додека колонијата во Плимаут немала доволно храна за да прехрани половина од сто и двајцата колонисти, северноамериканските Индијанци од Вампаног им помогнале на првите англиски пуритански доселеници во Масачусетс да ја обработуваат земјата и да ловат риба, спасувајќи ги од гладување. Сепак, обичајот да се прославува ваков годишен празник во чест на жетвата не прераснал во редовен настан во Нова Англија сѐ до доцните шеесетти години на XVII век.
Според историчарот Џереми Бенгс, директор на Музејот во Лајден, врз првите англиски пуритански доселеници во Америка влијаело гледањето на годишните служби на Денот на благодарноста за ослободување од опсадата на Лајден во 1574 година, додека престојувале во Лајден.
Празнувањето на еден од најзначајните празници за американската историја, почнува со традицијата на помилување мисирка. Овој обичај потекнува од времето на претседателот Абрахам Линколн, кој воедно го прогласил Денот на благодарноста за државен празник. Неговиот син Тед побарал од него да нареди да не убиваат мисирка, која ја подготвувале за свечената вечера. Од претседателот Џорџ Буш Постариот мисирките добиваат и официјално потпишано помилување и се испраќаат да живеат на фарма во Лизбург во близината на Вашингтон.
Во САД од утре почнува божикната пазарувачка сезона. Со традиционалното отворање на продавниците на „Црниот петок“ (најважниот ден за пазарување во САД), по Денот на благодарноста, милиони Американци купуваат облека, електроника, телефони, компјутери, по цена многу пониска од вообичаената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст