| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа елиминирана во сингл, победи во двојки во Валенсија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска имаше пораз и победа на фјучрсот во Валенсија. Таа најпрвин во поединечна конкуренција во три сета загуби со 2-1 од Јасмине Паолини (Италија). Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а ги загуби следните два со 6:3 и 6:1. За пласманот во второто коло нашата тенисерка ќе добие 6 поени.

Во конкуренција на двојки заедно со Галина Воскобоева, како први носителки ги победија шпанските тенисерки Кристина Букса и Клаудија Хасе Ферер со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1 во гемови).

Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат Аманда Карерас (Велика Британија) и Андреа Гамиз (Венецуела).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top