Јавноста во Хрватска деновиве е вознемирена поради тоа што во неколку трговски ланци во продажба е пилешко и мисиркино месо полно со салмонела, кое е увезено од Полска и од Италија.
Од надлежното министерство информираат дека превентивно инспекторите се на терен и се прават контроли за да се утврди каде се се продава ваков вид месо во Хрватска и во кои трговски ланци.
Како што првично веќе информираа од хрватското министерство за земјоделство вакво месо се продава во трговскиот ланец на Кауфленд произведено за Metro Cash amp; Carry te. Како што велат надлежните салмонелата е пронајдена во смрзнато пилешко филе од А-класа со тежина од 500 грама и свежо мисиркино со тежина од 750 грама, со рок на траење до 24 ноември годинава кое е по потекло од Италија. Пилешкото пак е со лот број 160715255, рок на траење до 14 седми 2017 година, произведено од Zakłady Mięsne “UNIMIĘS” Sp. z o. o., ul. Powstańców Styczniowych 932-500 Chrzanó, Полска.
Според хрватската ветеринарна управа ова месо не е во склад со уредбата која е одобрена од Еворопската комисија за микробиолошки критериуми за храна.
Вечер ги праша надлежните служби во Македонија дали и кај нас е увезено вакво месо од Полска и Италија. Во земјава преку граничните премини не е реализиран увоз од овие производители, така што граѓаните можат да бидат мирни при купување на пилешко и мисиркино месо.
Истовремено, ветеринарните инспектори постојано се на терен и засега не се најдени примероци кои имаат салмонела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.