И вториот од закажаните три новогодишни концерти на Жељко Јоксимовиќ во Скопје е распродаден. Последниот, за кој што останаа ограничен број влезници во продажба, е оној закажан за 1 декември.
Македонскиот организатор на целиот проект на Јоксимовиќ наречен „Два Света”, „Прагма продукција“, велат дека распродадените два концерти се очекувани со оглед на популарноста на Јоксимовиќ, но и на оригиналноста која што со себе ја носат овие негови „Два света“.
Ова е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез варијанти на фолк, поп, рок па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари односно Биг бенд на сцена.
Премиерата на „Два света” почнува од Скопје и продолжува кон останатите градови од регионот. Она што е впечатливо и вредно за споменување е дека диригент на сите овие концерти и комплетна поддршка во проектов е македонски диригент.
Цената на влезниците за концертот закажан на 1 декември ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Почетокот на концертите е закажан за 20 часот и 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.