| четврток, 6 декември 2018 |

Бев во депресија, па си ставив малку вотка: Хрватска пејачка заврши во лудница

Две недели откако поранешниот партнер ја претепал, хрватската поп пејачка Катарина Раутек раскажува што точно се случувало. Поранешната пејачка на култната група ЕТ од деведесеттите тврди дека врската со Крешомир Свитлановиќ ја прекинала пред една и пол година, но тој не можел да се помири со тоа, па ја нападнал.

Крешомир знаел да ја тепа и понишува и пред последниот инцидент. Поради сето тоа побарала спас во алколохот, а алкохолот ја овел директно во психијатриската болница „Врапче“.

-Дента бев многу депресивна, па си ставиведна чаша вотка, па уште една… Испив еден децилитар вотка и немав чувство дека сум пијана. Отодов по детето, но, воспитувачка во градинка забележала дека сум растроена и повикала полиција. Полицајците ме однесоа во Брза помош, а тие во лудница. Тоа е мојот најголем пораз – признава Катарина, која е мајка на две деца.

За насилството што го трпела од страна на партнерот повеќе не сака да молчи и поради себе и поради децата, но и поради сите жени кои се жртви на семејно насилство.

– Тој ме тепаше, а јас ја барав вината во себе, признава очајната пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top