Иванка Трамп и Џаред Кушнер се заедно од десет години, имаат три деца и многу општи наслови во медиумите. „Космополитан” претстави листа со незгодни детали за двојката која е на мета на медиумите по изборот на Доналд Трамп за претседател.
1. Уште од почетокот на врската, тие имаат заедничко име, слично на Бранџелина – Џеј-Ванка. Во тоа време Иванка инсистира дека тие двајцата се само пријатели, додека не се снимени како се бакнуваат во куглана на Тајмс Сквер, а потоа се појавуваат заедно на концерт на Mарун 5 и на модна ревија, кога нивниот однос станува јавен. Тој накратко ја нарекува Ива.
2. Иванка ја опишува нивната прва средба како „Најдобар договор кој го правевме”. Ги запознава градежен претприемач со надеж тие да склучат бизнис зделка, но на крајот тие се вљубуваат еден во друг.
3.Се разделуваат на накратко во 2008 година поради разлики во религијата. Мајката на Џаред замешала прсти во разделбата, но сепак се смириле. Иванка го прифаќа јудаизмот, но дури и тогаш таа има проблеми со таткото на Џаред.
4. И двајцата се работохолици. „Џаред не се мачи од мојата работа, тој е исто така е неверојатно зафатен”, вели самата Иванка. Таа додава дека дури и откако ќе се приберат, тие повторно работат еден до друг.
5. По свршувачката, Иванка научила да готви. Има нешто женствено во тоа да можеш да го пречекаш сопругот со подготвена вечера, вели Иванка, додавајќи дека најубавиот подарок што Џаред и го подарил е блендер, затоа што таа сака супи.
6. Џаред и Доналд Трамп: Извори велат дека кога тој му признал на Доналд дека работите меѓу него и Иванка одат одлично, тој го предупредил да биде навистина сериозен пред да презема било што.
7. Младоженецот не помага воопшто со планирањето на свадбата. За сметка на тоа, 5.22 каратен прстен на Иванка е целосно по негов дизајн.
8. Доналд Трамп направил ужасна здравица за младоженците. Тој сам признава пред „Пипл” дека едноставно им посакал да „Бидат среќни и да се радуваат на животот“.
9. Нивната свадбена песна е тажна. Песната „Oваа година е љубов” се слуша и за време на раѓањето на првото дете Арабела.
10. Како свадбен подарок, родителите на Џаред им подаруваат спа викенд, а Доналд ги води на голф со Семјуел Л. Џексон и Ентони Андерсон во Националниот голф клуб Трамп, каде што беше и самата свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.