| четврток, 6 декември 2018 |

Двојно зголемен бројот на деца со овчи сипаници

Зголемен е бројот на деца со овчи сипаници во Македонија. За 10 месеци во ИЈЗ регистрирани се над 7.500 случаи што е двојно повеќе од цела 2015 година.

Само во октомври пријавени се 703 заболени. Најголемиот дел се деца кои одат во градинка. Неколку со компликации побарале лекарска помош и на Инфективна. Според епидемиолозите, климатските промени се една од причините за ширењето на овчата сипаница и зима и во лето.
-Порано се знаеше дека беа од сезонски карактерт, но сега ги има постојано. Има и во февруари и во март и во јуни. Климатските промени и високите температури се и како причина за ваквиот тренд на ова заразно заболување, вели д-р Јованка Костовска, државен советник во МЗ.
Оваа заразно заболување кое брзо се шири. Во група од десет деца ако едно е со овчи сипаници, дури 7 до 8 ќе заболат . Најдобра превентивна мерка е заразениот да биде во домашни услови. Инкубацијата трае од 10 до 23 дена до појава на симптомите. Осипот може да ги зафати сите делови од телото. Оваа сипаница е најзаразна два дена пред и два дена по појава на меурчињата. Вакцината не е задолжителна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top