| четврток, 6 декември 2018 |

Како успеав да се извлечам од канџите на момчето мафијаш за да не завршам како Теодора

Сања Јовановиќ од Белград ја контактирала редакцијата на српски „Телеграф“ за да ја каже својата приказна во врска со опасното момче со кое била и се надева нека нејзиното искуство ќе стигне до многу девојки на Балканот.

Во продолжение прочитајте ја нејзината исповед:

Се забавував со момче кое во моментов е во затвор, бидејќи е осуден за убиство. Бевме заедно околу една година за време на моето студирање, но тој беше заљубен во мене уште од основно училиште.

Тоа се многу упорни луѓе, тие момци кои се на раб на законот. Чекаат момент и секогаш го добиваат посакуваното. Така и тој со години го бркаше и плашеше секое момче кое ќе ми пријдеше, чекајќи ја својата шанса за да бидам со него.

Многу беше тешко во таа врска бидејќи постојано бев во страв каде е и дали некој не го повредил или убил. Постојано некои телефони, менување на картички, напнатост. Но, кон мене беше прекрасен човек. Милош навистина беше вистински џентлмен, но видов дека неговите другари без причина ги удираат своите девојки сред кафуле, а не можев ниту да замислам како тоа би изгледало во четири ѕида. Се плашев, дали и тој мене ќе ме удри ако му се спротивставам.

Можеби затоа никогаш не можев ништо да му кажам кога нешто ми пречеше.

Сфатив дека не можам да останам со него кога еден период постојано не следеше еден автомобил каде и да одевме. Тој тоа го знаеше, но ми објаснуваше дека не треба да креваме паника, туку треба да бидеме мирни и внимателни во овој момент, а по некое време ме замоли да одам на село неколку дена.

Многу се исплашив бидејќи тоа беше прв пат мене директно да ми се закануваше некоја опасност, а се исплашив и за своето семејство.

Отидов на село, а подоцна му објаснив дека не можам веќе да бидам со него. Мислев дека ќе полуди, но не беше така. Рече дека премногу ме сака и дека е подобро да се одалечиме. И ден денес сме пријатели, иако тој е во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top