Лепа Брена е една од најпознатите балкански ѕвезди, а неретко знае да каже дека не се срами од своето потекло и име. Познато е дека таа е родена во Тузла и вистинското име и е Фахрета Јахиќ.
Балканската јавност за неа знае многу, но не е премногу познато дека таа е најмала од трите деца на семејството Јахиќ и има сестра Факета и брат Фарук.
Брена до сега не се појавувала многу често во јавноста со својот брат, но сега открила дека и тој е надарен за музика кога заедно гостувале во емисијата „Никогаш не е доцна“ во која тој настапил.
– Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник, напишала Брена на нивната заедничка фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.