Како и што се очекуваше по поразот од Шпанија од 4-0 на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018, македонската фудбалска репрезентација назадуваше за седум места на најновата ФИФА ранг-листа објавена денеска.
Во согласност со најновото рангирање, Македонија од денеска е на 162. место со 138 бода, минус за седум позиции во однос на октомврискиот ранкинг. Македонија на најновата листа дојде и една позиција зад Белизе која е на 161. место, или Танзанија, на пример, која е на 160. место на листата на ФИФА.
Од селекциите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП, единствено послаборангиран од нас е Лихтештајн, кој е на 189. место. Шпанија е на 10. место, Италија назадуваше за три позиции, па сега е на 16. место, Албанија е на 49. место, а Израел е на 54-та позиција.
На врвот на листата е Аргентина пред Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија и Уругвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Македонија напредуваше 32 позиции на ФИФА ранг листата