Властите во Костарика прогласија вонредна состојба поради приближувањето на ураганот Ото кон карипското крајбрежје на земјата, јави ТАСС.
Ураганот, со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, се очекува да донесе поројни дождови, кои, веројатно, ќе предизвикаат поплави и лизгари, предупреди американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами.
Во соседна Никарагва властите евакуираа десет илјади лица од потенцијалните опасни зони.
Во Панама во налетот на ураганот загинаа четири лица, 11 лица се водат како исчезнати, а погодени се околу 150 семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст