| четврток, 6 декември 2018 |

Вaучер од 1.326 евра за годишен одмор за секој вработен во Хрватска

Хрватското Министерство за туризам разработува план на вработените во државата да им дели ваучери за годишен одмор.  Според едната варијанта, сите вработени од 2018 година би требало да добиваат по 10.000 куни, или по 1.326 евра на специјална, таканаречена Кро карти>ка, која би ја користеле за летување во континенталниот дел на Хрватска во кое било време од годината и на приморјето вон сезона.

Како ќе функционира тоа, односно колкава сума ќе им биде на располагање на граѓаните, допрва треба да се дефинира.

Според едно сценарио, би се укинал постоечкиот регрес од 2.500 куни, а би се вовел туристички ваучер од 10.000 куни годишно. Во другото сценарио ваучерот би изнесувал до 5.000 куни, со задржување на регресот.

Работодавците би ги уплатувале парите на посебна сметка, а граѓаните би ги трошеле преку Кро картичката, слично како што сега ја користат картичката од тековната сметка. Би се одредил и процентот за одредени категории трошоци. Засега има предлог 50 проценти од сумата да се ограничат за сместување, околу 30 проценти за храна и пијалаци, а остатокот од парите би бил за посети на музеи, велнес и слични содржини.

Кој од двата модела ќе се одбере, ќе се одлучи во преговори на Министерството за туризам со Министерството за финансии, работодавците и синдикатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top