| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте реченици што секој маж го доведуваат до лудило

Ова се десетте реченици кои секој маж го доведуваат до лудило.

Многу ми недостигаше

Ако поради склоп на околности не сте се виделе подолго време, ваквата реченица е потсетник на она што го делите но и на онаа нежна и женствена страна во вас која отворено ја покажува вашата љубов. Мажите кои ја сакаат нивната партнерка сметаат дека оваа реченица е секси.

Вечерва ти си на ред

Давањето и примањето се составен дел од секојдневниот стабилен и рамноправен однос, а секој понекогаш посакува да му се удоволува. Во сексуална смисла за многумина од мажите ова е на врвот од сексуалните желби.

Имам изненадување за тебе дома

Со ваквата порака ќе ги размрдате неговите сексуални мисли во неговиот мозок и предиграта ќе ја започнете пред да се видите.

Ми требаш

Желбата и потребата се основни човечки нагони кои во љубовниот однос создаваат блискост и поврзаност. Со ваквата изјава ќе му дадете до знаење колку ви значи во емотивна смисла и сексот ќе ви биде постраствен.

Земи со себе и шише вино

Со ваквата порака ќе му дадете јасно до знаење дека вечерва сакате да уживате.Храната и пијалоците често се поврзуваат со добриот секс а виното е познат афродизијак!

Фала ти

Малку благодарност, ќе му даде до знаење дека го цените. Освен тоа, тоа ќе го потсети дека сте тим- во спалната соба(во која можете да ја демонстрирате вашата благодарност), но и надвор од неа.

Одлично мирисаше утрово

Звучи и премногу едноставно, но сепак пали.

Со ваквата изјава ќе му дадете до знаење дека го забележувате и посакувате а не постои и подобар афродизијак од тоа.

Постојано размислувам за тоа кога…

Потсетување на некои конкретни сцени со него делува на многу начини.Првенствено открива дека го сметате за одличен љубовник, а освен тоа и дека сте возбудени а таквата врста на директност е доста посакувана од време на време.

Ми се пушташе…

Иако не е добро често да си играте со ваквите изјави повремена инекција на љубомора може да направи чудо за либидото на мажите. Фактот дека сте посакувани и назнаката за можна конкуренција лесно ќе ја распламне страста.

Нели сум секси во ова?

Ваквата реченица сепак најдобро е да ја спакувате во сликовна порака.Самодовербата е една од најпривлечните особини во односот а тоа што самите знаете дека сте секси во него ќе ја разбуди желбата да ви покаже како делувате на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top