Нова германска инвестиција во слободната економска зона во Прилеп со можност за отворање илјада работни места, најави на денешната средба со стопанственици од Прилеп носителот на кандидатската листа за четвртата Изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски.
Новиот инвеститор во зоната во Прилеп, според Груевски, ќе произведува апарати за домаќинство. Покрај планираните илјада вработувања, ќе има и индиректни вработувања, како и можност за ангажман на домашните компании.
Според Груевски, пред одлука за инвестирање во Прилеп е и американска компанија од областа на повисоката технологија од каде, како што рече, планираат 600 вработувања.
– Интерес има и од други компании, а сите се добра шанса за локалниот бизнис, рече Груевски, посочувајќи дека се работи на проект како домашните фирми на најдобар и најбрз начин да станат соработници на странските инвеститори.
Добра можност за економски развој на Прилеп, но и на останатите места во државата, според Груевски, се нуди со новите проекти од Програмата за рурални развојни зони, истражувачки центри и за рестартирање на претпријатијата жртви на транзицијата. Старите капацитети на „Металец“, „Партизан“, „Еуроламинати“ се меѓу потенцијалните што со планираниот проект од Програмата би се рестартирале со државна помош.
Слободни економски зони, ветува Груевски ќе се изградат и во Куманово, Гостивар, Маврово, Ростуше и во Липково, но, според него, сите населени места до 10.000 жители надвор од градските средини можат да станат слободни економски зони со реализација на проектот „Рурални развојни зони“.
Инвеститорот, како што рече Груевски, ќе има поволности со целосно ослободување од плаќање данок на добивка и персонален данок во првите 10 години, како и 50 проценти од износот на придонесите, но 80 проценти од лицата што ќе ги вработи мора да биле невработени и пријавени во Агенцијата за вработување најмалку шест месеци.
Груевски очекува овој проект да помогне во натамошно намалување на невработеноста која од сегашните 24 проценти во наредните четири години во програмата „Реално“ е проектирана да се намали на 17 и 18 проценти. Дел од економската програма е и отворање на ИТзони во ТИРЗ Скопје 2, продолжување на тековните, но и нови мерки за поддршка на домашните компании преку Македонската банка за поддршка и развој.
Продолжувањето на досегашните и реализацијата на новите планирани економски мерки и проекти, според Груевски, согласно проекциите од Програмата треба да придонесат за раст на БДП од 3 до 4 проценти, буџетски дефицит под 3 проценти и ниска инфлација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии