| четврток, 6 декември 2018 |

Не е „те сакам“: Два збора кои ја спасуваат врската

Новинарката Џенис Каплан спровела истражување за навиките на искажување благодарност меѓу Американците.

Резултатите покажале дека 97 отсто од испитаниците за заблагодариле во ресторан ако келнерот бил љубезен.

Но, како сопругата редовно ја изразува својата благодарност кон партнерот? Според резултатите, само 48 отсто.

Една од причните е секако што од партнерите секојдневно се очекува многу повеќе од келнерите.

– Кога сте во врска, посебно долго време на некој начин престанувате да ја забележувате личноста со која сте. Психолозите оваа појава ја нарекуваат „хабитација“ – вели Каплан.

Во првите месеси од истражувањето Каплан редовно се заблагодарувала на својот сопруг кој бил збунет и велел дека секако би го сторил тоа за неа.

– Знам, ама секако сакам да знаеш дека сум благодарна – изјавила таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top