| четврток, 6 декември 2018 |

Ждрепката извршена, познати групите за Европското првенство

evropsko-prvenstvo

Вчера на свечена церемонија во Истанбул беше извршена ждрепката по која беа добиени четири групи во кои ќе се игра кошарка од 31 август догодина на Европското првенство.

Како што е однапред познато и ова Европско првенство во 2017 година како и претходното ќе се игра во четири држави.

Бранителот на трофејот Шпанија ќе игра во Романија, односно е во групата Ц заедно со Хрватска, Чешка, Црна Гора, домаќинот и Унгарија.

Во Истанбул пак силите ќе ги одмерат Турција, Летонија, Белгија, Србија, Русија и Велика Британија. Селекцијата на Израел во Тел Авив ќе ги пречека Украина, Литванија, Грузија, Германија и Италија, додека пак во Хелсинки ќе разигруваат Финска, Исланд, Словенија, Франција, Грција и Полска.

Групната фаза завршува на 7 септември, понатаму одат најдобрите четири селекции во секоја група и тоа во Истанбул каде ќе се игра завршницата. Финалето е закажано за 17 септември со арената „Санан Ердем“.

zdrepka-ep

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top