Во програмата „Реално“ на владејачката ВМРО ДПМНЕ е предвидено зголемување на субвенциите од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигање насади.
– Предвидуваме 600 милиони евра за поддршка на македонските земјоделци преку субвенции и други проекти во земјоделието. Секоја година по најмалку 150 милиони како што веќе почнавме да го правиме тоа откако ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дојдоа во владата – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски од Струга.
Според Груевски со 80 отсто ќе бидат финансирани инвестициите во системите за наводнување „капка по капка“ и ископ на бунари.
– Планираме изградба на преку седумдесет канализациски и водоводни системи, се со цел да го подобриме квалитетот на живеење и многу други проекти – рече Груевски.
Во својот говор се осврна и на проектот Рурални развојни зони.
-Секој еден кој во следни 5 години ќе изгради нова фабрика, погон, индустриски капацитет или хотел сонад 20 соби, во било кое село во Македонија, ќе добие можност на иста и подобра понуда од оние воТИРЗ. Струга има и урбан и рурален дел, сите населени места ќе бидат места кои ги опфаќа овој закон, секој граѓанин на Македонија или странец, што ќе изгради капацитет ќе добие привилегии: Првите 10 години ослободување од ДДВ, персонален данок на доход, 50% ослободување од придонеси за здравствено и пензиско осигурување. За секој од нив вработен ќе добие 2000 евра од државата а за секој вработен стечаец по 4000. Плус изградба на комуналии, пат и сл. Македонија станува целата технолошко индустриска зона во наредните 5 години, порача Груевски.
Ваква можност, додаде тој, нема никаде во светот.
Во програмата „Релано“ планирано е да се стимулира рестартирањето на фабриките кои се затворија за време на транзицијата во 90-те.
–Оној кој ќе ги рестартира ќе добие сериозна финансиска помош преку различни инструменти. Нема да плаќа придонеси, исто така ќе добие помош од 2000 евра за секое ново вработување и по 4000 евра за секој вработен стечаец. Вакви фабрики има во секој град има и тука во Струга. Секој кој ќе ги рестартира ќе добие ќе добие 10% од парите кои ќе ги вложи назад, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.