Зошто Зоран Заев не донесе една инвестиција во Струмица, праша денеска од Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Заев, вели дека се иселувале од Македонија оти немало работа и тврди дека ќе ги задржи луѓето во Македонија, подвлекува Груевски и додава:
-Вели дека ќе им овозможел да работат и им ветува 500 евра плата. Па што не ги задржи во Струмица, каде што 15 години е градоначалник. Постојано се иселуваа луѓе од Струмица. Што не донесе една инвестиција. Во неговата програма ветуваше за Струмица дека во индустриската зона која таму требаше да се прави ќе отворел не знам колку илјади работни места . Една фабрика не донесе таму, а денеска на сите граѓани им ветува дека толку многу фабрики ќе донел, што никој нема да замине од Македонија. Кого лаже? Кого мисли дека потценува праша Груевски.
Тоа, додаде тој, се лажги со опашки, а опашките се во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата


