Американскиот рапер Канје Вест е хоспитализиран поради исцрпеност, неколку часа откако нагло го откажа остатокот од својата американска турнеја.
Извори од опкружувањето на музичарот изјавиле дека „тој е исцрпен и пати од недостиг на сон“, но физички е добар. Славниот рапер Канје Вест, сопруг на старлетата Ким Кардашијан, е во болница во Лос Анџелес откако брза помош повикал неговиот личен лекар, пишуваат американските медиуми.
Вест вчера ненадејно откажа 21 планирани концерти во продолжувањето на американската турнеја на која го промовира новиот албум „Life of Pablo“.
Откако на претходните настапи имаше бизарни испади за политиката, медиумите се распишуваа дека тој претрпел некој вид психички слом. Блиски извори на музичарот го негираат тоа, и тврдат дека тој е зависник од работата кој едноставно се истрошил.
„Исцрпен е. Работеше нон-стоп на својата модна линија и на линијата на Adidas. Познат е како зависник од работа и истовременото работење на модните линии и концертите секоја вечер едноставно го потрошија“, рекол изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст