| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Решавање на сообраќајот е еден од главните фокуси

Сообраќајот е една од главните проблеми со кои се соочуваат големите градови, па така и Град Скопје. Токму затоа решавањето на овој проблем е еден од главните фокуси, изјави Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје.

-Делот од Скопје кој ја опфаќа општината Чаир и Бутел, на неа интензивно се работи во изминатиот период. Проширен е булеварот Цветан Димов и со тоа се растерети дел од сообраќајот. Во моментов се работи на проширување на булеварот Кристијан Тодоровски Карпош каде што ќе се добијат 4 коловозни ленти, вели Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top