| четврток, 6 декември 2018 |

После 19 години среќен брак открил дека сопругата крие страшна тајна, поради тоа тој завршил во лудница!

Јан се заљубил во прекрасната Моника од Индонезија и покрај проблемите со службата за имиграција се оженил со неа во 1993 година, но две децении подоцна, Јан сфатил дека неговата сопруга од него крие голема тајна.

– Моника е родена како машко. Сега кога помислувам на тоа целиот се тресам – изјавил Јан.

– Ја донесов во Белгија, иако налетав на еден куп проблеми. Службата за имиграција се сомневаше во нејзиното потекло и темелно ги истражуваше документите. Ништо не ми е јасно, бидејќи ја видов како многу привлечна жена, немаше карактеристики на маж – додал Јан.

Јан (64) имал две деца од првиот брак, па тој и Моника (48) одлучиле дека не сакаат да имаат повеќе деца.

Неговата „сопруга“ била толку прецизна во криењето и во периодот кога треба ги смени влошките. Таа правела се, само да го скрие полот.

– Да, имавме секс, но никогаш ништо не приметив – рекол Јан.

Се почнало да се распаѓа, кога Моника почнала интензивно да работи и се помалку да се грижи за прикривање на нејзините тајни.

– Прво, ја забележаа моите деца. Моника беше целосно напуштена. Почнаа да ја гледаат во ноќни клубови, облечена како најголема проститутка. Често играла со гол стомак и тоа во тие години – изјавил Јан.

Открил неколку љубовни пораки во нејзиниот компјутер, по што настанала и голема кавга.

– Еден пријател ми кажа дека наоколу се зборува дека мојата жена го променила полот, а и мојот син го слушнал истото – додава Јан.

Тој се одлучил да ја стави на тест. И кажал дека ја знае целата нејзина приказна и дека ја открил вистината. Тогаш Моника му признала се.

– Ми потврди дека е родена како машко. Почна да ми го раскажува своето минато, но јас ништо не можев да слушам. Полудев. Не знам што се направив додека полицијата не заѕвони на врата – изјавил Јан.

Тој бил приведен, а веднаш потоа однесен на психијатар. Тој се уште се лекува од последиците од шокот.

Јан побарал поништување на бракот, но процесот се уште е во тек, па затоа не може да ја избрка од сопствениот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top