Кандидантот за пратеник во Изборна единца 2, Трајко Вељаноски денеска оствари посета на печатницата во Ново Село во која се веќе вработени повеќе жители на Општина Ѓорче Петров.
На средбата со вработените лица и со сопствениците, Вељаноски ги презентираше дел од мерките и проектите од новата изборна програма на Коалицијата за подобра Македонија, „Реално“, кои се однесуваат на малите и средните претпријатија.
Вељаноски оствари средби и со граѓаните на Општина Ѓорче Петров, на кои се зборуваше за новата програма и престојните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.