Селест Нурс од Јужноафричката Република на суд се соочила со жената која и ја украла ќерката Зефани од болница пред скоро 20 години. Таа пред судот раскажала како во далечната 1997 година, додека се наоѓала во породилиште, бебето и го зела женска особа која била облечена како медицинска сестра.
– Никогаш не ја изгубив надежта. Знаев дека моето дете се наоѓа таму некаде и дека ќе го најдам, рекла Селест.
Пред неколку години нејзината ќерка Кесиди која ја родила откако и ја украле Зефани посетувала часови по танцување со девојче кое многу наликувало на неа. Со текот на времето тие две станале најдобри пријателки затоа што живееле во непосредна близина.
Селест се посомневала дека токму Зефани е нејзината украдена ќерка затоа што веднаш штом ја здогледала почувтсвувала блискот.
Го поканила девојчето на ручек и се распрашала за нејзиното минато. После тоа побарала од надлежните органи да се направо ДНК анализа која потврдила дека Зефани навистина е нејзина ќерка.
Жената со која пораснало девојчето изјавила дека не ја украла од болница, туку дека ја посвоила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)