| четврток, 6 декември 2018 |

Тетка го пронашла внукот мртов во својот стан

policiska-lenta-02-3-_21

Д.Ц. (46) е пронајден мртов вчера претпладне околу 10 часот во стан на булеварот „Видое Смилески Бато“ во Скопје, соопшти МВР.

Смртта ја констатирала екипа на Брза помош што претходно ја повикала тетката на починатиот, Љ.К. (72). Таа, како што изјавила во разговор со полицијата, забележала дека Д.Ц. не се буди иако му ѕвонел алармот на мобилниот телефон. Притоа забележала дека не дава знаци на живот.

За настанот бил известен и јавен обвинител, по чијашто наредба телото е предадено на семејството за погреб.

Д.Ц. пред две недели дошол да престојува кај тетката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top