За четири години ќе се отворат нови 70 илјади работни места се предвидува во новата програма „Реално“ со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на предвремените парламентарни избори.
Лидерот на партијата Никола Груевски синоќа истакна дека во изминатиот период креирани се околу 160.000 нови работни места, од кои само во последните две години 39 000 нови работни места.
-Во наредниот период невработеноста ќе биде дополнително намалена. Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18%, што е остварливо доколку нема нови кризи во европската и во светската економија, како и домашни политички кризи како сегашната. Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места, потенцираше Груевски.
Тој додадека дека намалувањето на невработеноста, од претходните високи 38,7%, во периодите на претходните влади, на 24,0% во 2016 година е нивниот најуспешен резултат.
Нова програма на ВМРО-ДПМНЕ е најобемна, детална и сеопфатна досега. На 500 страници се наоѓаат проекти со конкретни рокови за реализација во наредните четири години.
Дел од програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проектите за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии