| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетничка од Кочани силувана двапати од исто лице

Триесет и едногодишната С.М. од Кочани вчера пријавила дека пред два дена нејзината 14-годишна ќерка била силувана двапати.

Според пријавата, И.М. (31) од Кочани два пати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.

Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.

Истрагата треба да покаже како девојчето се нашло во автомобилот на И.М.,а полицијата ги презема сите мерки за расчистување на случајот.

Имено, во саботата мајката во полицијата пријавува дека еден ден претходно (петок 18.11) по кратка расправија со ќерката, истата се оддалечила во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top