| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Предвидени нови поволни кредити за компаниите

gruevski-nova-programa1-640x360

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја промовираше новата партиска програма „Реално“, истакна дека малите и средните претпријатија ќе се поддржуваат преку активните мерки за вработување и субвенционирање на трошоците за вработувањата, и со следните проекти на МБПР.

– Прво, кредитна линија од ЕИБ со која ќе се изврши репласирање на вкупно 101 милиони евра со особено ниска и фиксна каматна стапка до 5,5 отсто годишно, како и долги рокови за отплата до 8 години за инвестиции и до 3 години за обртни средства, и со која линија досега беа пласирани 350 милиони евра. Второ, посебен кредитен фонд, кредитна линија со гарантна шема за поддршка на македонските мали и средни претпријатија, при што на располагање за оваа намена се 6,3 милиони евра, а, по потреба, ќе се зголемат. Обезбедување дополнителни средства за кредитната линија од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, преку дел од компензациските фондови во износ од минимум 3 милиони евра и преку буџетски средства во износ од 4 милиони евра – посочи Груевски.

Предвидено е и подобрување на условите на кредитната линија за производство, откуп, преработка и извоз на земјоделски производи, што како што рече Груевски, е важно за агропреработувачката индустрија во функција на навремен откуп на земјоделските производи и плаќање кон земјоделците-кооперанти. На располагање за оваа намена се над 10 милиони евра, како и со голем број на други проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top