Град Скопје, согласно со Програмата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година изврши исплата на надоместок за дел од трошоците за купување печки на пелети. Со ова право се стекнаа 196 граѓани на Скопје кои ги исполнија условите предвидени во програмата и најбрзо поднесоа барања за субвенционирање на трошоците.
Од објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети/ 12.10.2016/ година, се до неговото затвoрање на 04.11.2016 година, до Комисијата беа поднесени 343 барања. Сите барања беа разгледани, при што согласно со предвидените средства прифатени се 196 барања, додека дел од преостанатите барања, или не ги исполнија критериумите, или пак беа поднесени по исцрпувањето на предвидените средства во програмата.
Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење обновливи извори енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, им обезбеди враќање на дел од потрошените средствата за печки на пелети купени по денот на објавување на јавен повик, се’ до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.
Средствата што ги надоместува Градот Скопје се во износ од 70% од цената на купената печка на пелети, но не повеќе од 30.000 денари.
Право на учество на овој јавен повик имаа жителите на Град Скопје, кои купиле печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на јавниот повик и поднеле Образец за барање за искористување на правото за надоместок. На јавниот повик немаа право на учество домаќинствата кои имаат приклучок на градското централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти кои се се уште во фаза на изградба .
Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се’ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари, но не подоцна од 30.11.2016 година.
Град Скопје планира и наредната година да спроведе активности за надоместување дел од трошоците за набавка и инсталирање печки на пелети во индивидуалните станбени објекти, за што јавноста ќе биде благовремено информирана по усвојувањето на буџетот, некаде во почетокот на наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст