Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), составена од шест члена, а предводена од Стефан Шенах (Австрија), ќе спроведе предизборна посета на Македонија на 21 и на 22 ноември за да направи процена на предизборната кампања и политичка клима пред парламентарните избори закажани за 11 декември 2016 година.
Делегацијата на ПССЕ, според соопштението издадено од Стразбур, се очекува да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија и министерот за внатрешни работи. Разговорите, исто така, се предвидени со претставници на политички партии кои учествуваат на изборите, претседателот и членовите на Државната изборна комисија, на специјалното обвинителство, како и членови на дипломатскиот кор и претставници на меѓународни организации, граѓанското општество и медиумите.
ПССЕ изборите на 11 декември ќе ги следи со делегација од 25 члена, по што ќе биде изработен извештај кој ќе биде претставен на отворањето на парламанетарната сесија во јануари 2017 година.
Членовите на предизборната делегација на ПССЕ, ги застапуваат сите политички групи на паневропската асамблеја. Покрај шефот Стефан Шенах (Австрија), се наоѓаат уште и Егидијус Вареикис (Литванија), Кристина де Пјетро (Италија,) Суат Онал (Турција,) Матјаж Ханзек (Словенија) и Валериу Гилечи (Молдавија) инаку известувач на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст