Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска утре заедно со нејзиниот албански колега Фламир Нока свечено ќе го пушти во употреба заедничкиот центар за полициска соработка меѓу двете земји.
Јанкуловска и Флока подоцна ќе го отворат и новиот граничен премин Џепиште-Требиште на македонско-албанската граница. Граничниот премин, според најавите, е наменет за населението од пограничните области и ќе може да се минува само пеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.