| четврток, 6 декември 2018 |

Американски генерал: Победа на Груевски во декември, услов за поблиска соработка со Трамп и САД

kolumna-640x496

Победата на Доналд Трамп се совпаѓа со предвремените парламентарни избори во Македонија, каде што се очекува Никола Груевски да биде реизбран за премиер на државата.  Политичките случувања во двете земји во пресрет на 2017 се критични за односите помеѓу Македонија и САД, пишува во својата колумна американскиот генерал Роналд Џонсон.

Некој ќе се запраша, пишува тој, зошто САД треба да се грижи за Македонија.

-Македонија е пријателска, стабилна нација во време на немири и е клучна во регионот. Комбинацијата на сириски бегалци, колапс на грчката економија ја остава иднината на Европа под знак прашалник. Низ сета оваа нестабилност, Македонија и Никола Груевски се покажаа како пријатели и неопходни сојузници на САД. Македонија и САД работеа заедно за да се сопре бегалската криза. Исто така Македонија има интерес да стане членка на НАТО, со цел да помогне на алијансата за да бори против тероризмот и ИСИС, со што Македонија и САД делат исти цели, пишува Џонсон.

Македонија е опкружена со држави кои се членки на ЕУ и НАТО, кои си го „чуваат грбот“ една на друга, па државата беше оставена сама на себе да се справи со бегалската криза. Политичката стабилност на Балканот беше загрозена од бегалската криза. Со цел да се превенира од дополнителна несигурност, Македонија обезбеди сигурен транзит за стотици илјадници бегалци. Соседните земји буквално зависеа од лидерството на Македонија по однос на справувањето со бегалската криза.

Повеќе од милион лица дојдоа од Турција низ Грција и се обидуваа да стигнат до земјите од Европската Унија, па иако Македонија не беше крајната дестинација, државата беше оставена сама на себе да се справи со бегалскиот бран.

Македонија мораше да обезбеди и големи парични средства за да се справи со глобалниот проблем кој и чукаше на врата. Лидерската  улога на државата во бегалската криза и помогна да стане незаменлив сојузник во борбата против Исламска држава и генерално, против тероризмот.

Со победата на Трамп, а по сите изгледи и победната на Никола Груевски по изборите во декември, поважно од било кога е САД и Македонија да соработуваат во насока на борбата против тероризмот, а САД да и помогне на Македонија да стане полноправна членка на НАТО во 2017 година.

Локацијата на Македонија ја става на раскрсница каде што Истокот се сретнува со Западот. По две децении вложување, во „буре барут“ конечно ситуацијата започна да се стабилизира. Америка не смее да заборави на Македонија и Балканот.

Од друга страна, со Путин и Русија на нашата врата, клучно е Америка и Трамп како претседател, да и помогнат на Македонија да стен членка на НАТО, пред Русија да има поголемо влијание. Ако стане членка на Алијансата, Македонија ќе стане помалку ранлива на подадената рака од Кремљ и ќе ги подобри односите со Америка и останатите западни држави.

Македонија е мала копнена држава, која што е главен транзит во патот на бегалците од Сирија кои сакаат да стигнат до Европа.

-Како што се зголемуваше интензитетот на бегалската криза, Македонија спроведе вонредни мерки за да се сочува безбедноста но хуманитарниот аспект од бегалската криза, заклучува тој во својата колумна.

Роналд Џонсон е поранешен истакнат генерал во американската армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top