Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во текот на октомври годинава во рамките на оперативната акција Гора поднесе шест кривични пријави против девет лица поради основано сомнение за сторени 15 кривични дела од кои: две дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, по две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „помагање“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, пет кривични дела „кражба“, две кривични дела „фалсификување службена исправа“ како и две кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Како што информира МВР, во првите два случаја поднесени се кривични пријави против М.Т.(45) и Н.С.(51) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле две кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените како возачи на товарно моторно возило вршеле јавен превоз на стоки – огревно дрво без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерство за транспорт и врски.
Во третиот и четвртиот случај поднесени се две кривични пријави против А.Ш.(24) и С.А.(64) поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „кражба“. Пријавениот А.Ш., на точно неутврден датум и место, со намера за противправно присвојување со употреба на погодно средство од туѓа шума извршил безправна сеча и одзел повеќе стебла огревно дрво бука, иако знаел и бил свесен дека непоседува одобрение за сеча, по што безправно исечените 4,5 метри кубни дрва без јасно видлив шумски жиг и без соодветна документација за транспорт ги натоварил во товарно моторно возило. Пријавениот С.А., исто така, со намера за противправно присвојување од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно дрво бука, даб и габер чие количество е поголемо од еден метар кубен, без одобрение за сеча, а потоа безправно исечените дрва без соодветна документација -испратница за превоз и без јасно видлив шумски жиг и боја, ги натоварил во патничко моторно возило.
Во петиот случај поднесена е кривична пријава против М.А.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и кривично дело „фалсификување службена исправа“, како и против Е.И.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ в.в. со член 24 од КЗ, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ и кривично дело „кражба“. Пријавениот М.А., во својство на референт за превоз во Подружница Шумско стопанство-„Куманово“ при Јавно претпријатије „Македонски шуми“ Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на тој начин што по претходен договор со Е.И. во Шумско стопанска единица „Ваксинци“ во Оддел 67 за да му овозможи на второпријавениот легален превоз на безправно исечените дрва, искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со жиг бр.457 и изготвил и со својот потпис и печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Куманово“ заверил испратница во која внел невистинети податоци, дека наводно се превезуват само шест метри кубни огревно дрво бука по Дозвола за сеча, иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на второпријавениот во товарно моторно возило, на околу осум и пол метри кубни огревно дрво бука, и потоа испратницата со невистината содржина му ја дал на второпријавениот заради вршење на легален превоз на исечените букови огревни дрва.
Во шестиот случај поднесена кривична пријава против С.В.(32) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ и „фалсификување службена исправа“ и против Б.С.(23) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“ и против А.Б.(22) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Пријавениот С.В., во својство на Контролор на рампа во Подрружница Шумско стопанство Куманово во состав на ЈП Македонски Шуми-Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување, а на барање на Б.С., изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми заверил документ дозвола за сеча на огревно дрво. Дозволата за сеча му ја дал на второпријавениот по што тој заедно со третопријавениот наместо да извршат сеча на буково дрво во вкупна количина од два и пол метри кубни, безправно исекле огревно дрво вид даб и габер во количина од над три пол метри кубни. Првопријавениот за да им овозможи легален превоз на безправно исечените дрва, на второ и третопријавениот искористуваќи ја својата службена положба и овластување, ги жигосал дрвата со шумски чук и изготвил и со својот потпис и службен печат на ЈП Македонски шуми заверил Испратница во која внел невистинети податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)