Жена се обидела да обеси дете во градинка, по што се обидела да побегне со комбе. За време на бегството прегазила две лица. Жената била вработена во градинката.
Помошникот на шерифот во Минеаполис Крис Андерсон изјави дека родителите на едногодишното дете стигнале на време за да го спасат.
Откако со златно комбе удрила пешак и велосипедист, продолжила да вози, но ја застанале случајни минувачи на мост од кој се заканувала дека ќе скокне.
Жената моментално се наоѓа во притвор.
-Не знаеме што се случило со неа. Во тој момент во градинката се наоѓале уште шест дечиња- изјави полицискиот службеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.