Корисниците од улиците „Павле Илиќ“ и „Крсте Асенов“ утре од 9 часот нема да имаат вода, соопшти РЦУК на Град Скопје.
Мал ќе биде и притисокот на вода кај дел од населбите Чаир и Топаанско Поле.
Причина за прекинот и намалениот притисок дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 300 мм на булеварот „Втора Македонска бригада, спроти Поликлиника Чаир.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без вода од 09:00 часот ќе останат и корисниците од улиците „Ленинова“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирхов“ и потегот од Соборен Храм до булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Центар.
Прекинот е поради дефект на шибер на водоводна мрежа со пречник од Ф – 100 мм на крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“ со улица „Дебарца“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст