| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп размислува да го именува поранешниот шеф на ЦИА за нов секретар за одбрана

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го именува поранешниот директор на ЦИА и пензиониран генерал Дејвид Петреус за иден државен секретар за одбрана.

Ова го тврдат извори блиски на транзицискиот процес за весникот „Волстрит журнал“.

Според весникот, Трамп се двоумел за шеф на Пентагон меѓу пензионираниот генерал Џејмс Марис, пензионираниот воен генерал Џек Кин, поранешниот советник на американскиот претседател за безбедност Стивен Хадли или поранешниот сенатор Џим Талент..

Кин напишал на Твитер дека тој нема да биде дел од новата администрација на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top