Ивана Трамп, првата сопруга на претседателот Доналд Трамп, открива каков петседател смета дека ќе биде нејзиниот поранешен сопруг и што може да се очекува од него.
Бизнис-дамата и поранешен модел со чешко потекло, даде интервју за„Њујорк пост“ во кое зборува на повеќе теми, меѓу која и идното претседателство на нејзиниот сопруг. Добро познавајќи го Доналд, таа вели дека најверојатно Трамп ќе патува со својот приватен авион место со претседателскиот.
Приватниот авион на Доналд Трамп „боинг 757“ чини околу 100 милиони долари, а уште од одамна на шега го нарекуваат „трамп фор уан“.
Ивана вели и дека сигурно ќе му биде тешко на Трамп да се откаже од живеењето на 66. кат на луксузната кула во Менхетен, за да се пресели во Белата Куќа.
-Доналд е како добро француско вино. Тој не сака да биде преместуван – вели Ивана.
Таа открива и дека Доналд, наводно, спие само три часа во ноќта – работи од многу рано наутро, до доцна навечер.
Ивана и Доналд беа во брак во периодот 1977-1992 година, и имаат три деца Доналд Јуниор, Иванка и Ерик Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст