| четврток, 6 декември 2018 |

Дибала одлучи, Реал Мадрид и Барселона останаа со празни раце

dibala

Фантастичниот Аргентинец во дресот на Јувентус, Паоло Дибала е голема желба на Реал Мадрид и Барселона. И двата шпански клуба не ги кријат амбициите да го доведат во своите редови веќе од следното лето.

Сепак, според италијанскиот весник „Тутоспорт“ кој обелодени информација за Дибала која ќе ги израдува навивачите на „старата дама“. Напаѓачот на Јувентус се договори со управата на клубот за продолжување на договорот до 2021 година.

Освен што се сложи на продолжување на верноста, Дибала ќе добие зголемување на платата од три на пет милиони годишно. Договорот сеуште не е потпишан, но се очекува во следните неколку денови неговите менаџери и спортскиот директор на Јуве Бепе Мората да ги завршат сите потребни формалности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top