| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредени земјите од регионот: Месо замрзнато во 1982 година стигнало до Црна Гора

Товар со замрзнато месо во 1982 година стигнал до пристаништето Бар во Црна Гора. Преземени се сите мерки за товарот да не се најде на пазарот во Србија, соопшти српската Царинска управа.

На царинските работници им е наложено да преземат мерки за зголемена контрола на прометот на стока и патници со посебен акцент на границите и граничните премини кон Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и на административните премини кон Косово, пренесува Телеграф.рс.

Сите земји од регионов се предупредени да внимаваат.

Во соопштението од Царинската управа на Србија се вели дека на граничните премини товари на свежо или на замрзнато месо и онака не може да поминат, доколку немаат документ кој го издава граничната ветеринарна инспекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top