Најмалку 26 лица се повредени, од кои шестмина се наоѓаат во критична состојба кога маж се самозапалил во преполна банка со луѓе во Австралија.
Полицијата соопшти дека мажот влегол во филијала на „Комонвелт банка“ во Мелбурн, носејќи запалива течност, а според неофицијални информации тој се полеал со течностa и се самозапалил.
Очевидец изјавил дека слушнал силна експлозија и врескање од деца.
Полицијата го истражува мотивот за инцидентот и дали станува збор за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.